• 20.12.2025

    Денес имавме ден исполнет со многу активности. Денес во Радовиш беше откриен споменикот “Бистата на Борачите”, донација од компанијата Адора Инженеринг на чело со Проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Од претставници на Рудникот Бучим бевме почестени со пакетчиња за најмалите Борачи. Голема благодарност до Општина Радовиш за прекрасната локација за ова спомен обележје. Благодарност до сите засегнати за беспрекорната организација.

  • 14.12.2025

    Денес Учествувавме на турнирот “Легендите на Спартак” кој се одржа во Кочани. Димитар Атанасов освои Златен Медал Костадин Лазаров освои Сребрен Медал Честитки..

  • 12.12.2025

    Почитувани особена чест ни претставува да ве поканиме да присуствувате на откривањето на Спомен Обележјето “Бистата на Борачите”. Откривањето на Бистата ке биде во Сабота 20.12.2025 од 14:00 часот. Локација: Булевар Александар Македонски.

  • 09.12.2025

    Борачкиот Клуб Бучим Радовиш изразува искрена Благодарност до Coffee Bar Route 66 – Радовиш за нивната несебична донација и поддршка. Вашата хуманост и подготвеност да помогнете се пример за вистинската опшествена одговорност. Со Почит

  • 06.12.2025

    Борачите на Бк Бучим Радовиш предводени од Тренерот Влатко Анчев учествуваа на Меѓународниот турнир “Победник”кој се одржа во Белград – Србија. Одличен Настап на нашите Борачи. Освоивме 3 Златни Медали и 1 Сребрен Медал Илија Танчев Златен Медал Мехмет Усинов Златен Медал Димитар Атанасов Златен Медал Младен Ефтимов Сребрен Медал Честитки за Освоените Медали

  • 29.11.2025

    Одржан Турнирот “Штипски Боречки Асови” Бк Бучим имаше свои учесници и освоени медали од Овој настан. Димитар Атанасов Златен Медал. Иса Демирша Златен Медал. Берк Демирша Сребрен Медал. Муса Демирша Бронзен Медал. Честитки за Димитар Атанасов и најмладите борачи браќата Демирша.

  • 22.11.2025

    Одржан Шестиот по Ред Меѓународен Турнир “Трофеј шампиони Боречки Легенди” 2025. Голема благодарност до сите кои учествуваа на овој Турнир и дадоа свој допринос за успешна Организација. Бевме почестени со присуство на Градоначалникот на Општина Радовиш Љупче Почивалец. Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов. Претседателот на Боречката Федерација Дејан Богданов. Олимпискиот Шампион Шабан Трстена. Членството на Борачите Ветерани и многу други Спортски чинители за што сме посебно благодарни.

  • 21.11.2025

    Спаринг Тренинг со Гостите од Молдавија пред одржување на Меѓународниот Турнир” Трофеј Шампиони Боречки Легенди” 2025

  • 18.11.2025

    Почестени сме со присуството на Могамед Ибрагимов освојувач на Олимписки Медал. Добра прилика на борачите на Бучим Радовиш да научат некоја од техниките на овој врвен спортист.